Ahmet Furkan Mercan
16 Јули 2023•Ажурирај: 17 Јули 2023
Едно лице загина, а 2.100 лица се евакуирани како резултат на поројните дождови што ја зафатија јапонската северна префектура Акита, пренесува Анадолу.
Агенцијата за метеорологија на Јапонија соопшти дека поројните дождови, кои на почетокот на неделата ги погодиле југозападните префектури, се насочени кон северните делови на земјата.
Како резултат на поплавите предизвикани од поројните дождови во местото Гојоме во Акита загина едно лице.
Во оваа префектура се евакуирани 2.100 лица.
Според Гувернерството на Акита, околу 80 центри за евакуација се отворени и се во служба.
Дојде до проблеми во снабдувањето со вода во регионот по настанатите свлечишта и поплави.