Hasan Esen
13 Септември 2021•Ажурирај: 15 Септември 2021
ЛОНДОН (АА) - Премиерката на шкотската регионална Влада, Никола Стерџен, истакна дека Шкотска планира да одржи референдум за независност на крајот на 2023 година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Стерџен го одржа завршниот говор на есенската конференција на Шкотската национална партија (СНП), чиј лидер е таа.
Наведувајќи дека северноевропските соседи на Велика Британија покажуваат подеднаква, помала сиромаштија и поголема продуктивност, Стерџен рече дека тоа покажува дека во Данска, Ирска, Австрија, Норвешка и Финска функционира независноста.
Тврдејќи дека независноста ќе функционира и во Шкотска, Стерџен призна дека пред нив може да има некои тешкотии.
„Прашањето е, која е опцијата? Да се биде независен или да биде управуван од Вестминстер [владата на централна Англија]?“, нагласи Стерџен.
Изразувајќи дека не е земена предвид волјата на Шкотланѓаните кои гласаа против Брегзит, лидерката Стерџен, која е за независност, истакна дека на изборите одржани во април мнозинство во шкотскиот Парламент освоиле тие што се за независност.
„Мораме да одлучиме кој ќе одлучи. Луѓето во Шкотска или Владата во Вестминстер за која не гласавме? Тоа е опцијата. На шкотскиот народ за време на мандатот на Парламентот имаме намера да му понудиме опција за легален референдум, на крајот на 2023 година, ако Ковид-19 го дозволи тоа“, рече Стерџен.
Истакнувајќи дека сакаат соработка, а не конфликт, Стерџен рече дека се надева дека Англија и Шкотска ќе постигнат договор за референдум, како во 2014 година.
„Демократијата мора да надвладее и ќе победи“, нагласи Стерџен, додавајќи дека жителите на Шкотска имаат право на свој избор и дека времето за овој избор се ближи.
- На референдумот во 2014 година независноста беше одбиена -
Шкотската национална партија тврди дека иако Шкотланѓаните ја отфрлија независноста со 55 проценти на референдумот во 2014 година, Брегзит ја променил ситуацијата и потребен е нов референдум.
На референдумот 62 отсто од Шкотланѓаните беа против Брегзит. Тие велат дека и покрај тоа што биле против се излезени од Европската Унија (ЕУ).
Сепак, за одржување нов референдум за независност потребна е дозвола од британскиот Парламент. Добивањето на таква дозвола од 650-члениот Парламент, каде што Конзервативната партија, предводена од Џонсон, има мнозинство со 365 места, се чини дека е невозможна.
Поради оваа причина, се смета дека поборниците за независност ќе пробаат алтернативни начини. Една од овие опции е да се оди на суд против законот кој бара дозвола од британскиот Парламент.
Друг начин е да се излезе на референдум, и покрај централната влада, и во случај на позитивни резултати да се прогласи независност еднострано.
Сепак, се наведува дека тоа може да доведе до тензии и остра реакција од централната влада, исто како во Каталонија. Во исто време, се наведува дека оваа ситуација може да предизвика Шкотите, како и Каталонците, да ја загубат поддршката од ЕУ.