Şenhan Bolelli
14 Октомври 2021•Ажурирај: 15 Октомври 2021
МАДРИД (АА) – Лавата од вулканот Кумбре Виеха, кој е активен од 19 септември на островот Ла Палма на југозападот на Шпанија, во последните 24 часа уништила повеќе од 90 куќи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Со тоа бројката на уништени куќи е зголемена на 1.548.
Иако 6.400 лица се евакуирани, локалните власти наведоа дека е можна нова евакуација.
Алисија Ваностенде, министерката за земјоделство, сточарство и рибарство на Владата на Канарските Острови, навела дека лавата уништила стебла на банани засадени на 90 хектари земјиште, а вкупната штета се проценува дека е помеѓу 30 и 40 милиони евра.
Во меѓувреме е објавено дека синоќа во Ла Палма се регистрирани 55 земјотреси.
Островот Ла Палма е дел од шпанските Канарски Острови, архипелагот во Атлантскиот Океан.