Şenhan Bolelli
23 Ноември 2021•Ажурирај: 24 Ноември 2021
МАДРИД (АА) - Полицијата интервенираше врз демонстрациите на металците, што протестираат веќе 8-ми ден, во градот Кадиз во југозападна Шпанија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Штрајкуваат околу 29.000 работници од металскиот сектор.
Работниците започнаа штрајк на неопределено време од 16 ноември, а денеска излегоа на улиците во Кадиз, откако едногодишните преговори за обновување на колективните договори пропаднаа.
На маршот организиран во центарот на градот, покрај организациите во кои припаѓаат средношколците, учествуваат и здравствените работници и дел од граѓаните.
Една група од средношколците го блокираше патот со канти за ѓубре и фрлаше шишиња и камења кон полицијата. Притоа полицијата интервенираше во настаните и употреби гумени куршуми, како и гасни и звучни бомби.
Констатирано е дека во инцидентите има полесно повредени.
Штрајкот на металците е сцена на насилство уште од првиот ден.
Во металниот сектор, кој е најважната индустрија во регионот, работодавачите не ги прифаќаат барањата за зголемување на платите на работниците во колективните преговори за периодот 2021-2023 година.
Синдикатите на металците бараат зголемување на платите за 2 отсто во 2021 година, зголемување од 2,5 отсто во 2022 година и зголемување од 3 отсто во 2023 година.