Şenhan Bolelli
08 Март 2024•Ажурирај: 11 Март 2024
МАДРИД (АА) - Ионе Белара, лидерката на партијата на крајната левица Подемос, која ја прекина поддршката на малцинската левичарска коалициска Влада во Шпанија и премина во опозиција, ги повика сите демократски земји на бојкот на Евровизија бидејќи таа го прифати учеството на Израел, пренесува Анадолу.
„Доколку Израел, кој изврши геноцид во Газа, учествува на Евровизија, ниту една земја што ги брани човековите права и која е демократска не би требало да учествува на Евровизија. Ова е одвратно 'миење'“, наведе Белара на социјалната мрежа Х.
Партијата Подемос од јануари се обидува да го спречи Израел да учествува на Евровизија бидејќи изврши геноцид врз Палестинците со своите напади врз Појасот Газа.
Подемос пред Парламентот поднесе предлог шпанската радиотелевизиска корпорација РТВЕ преку шпанското МНР да преземе иницијатива за исклучување на Израел од Евровизија, но тоа барање не наиде на доволна поддршка од другите политички партии.
Оваа партија, исто така, прати писмо до европските парламентарци на некои политички партии, како што се Обединети левици во Шпанија, Галицискиот националистички блок, Сумара и организаторите на Евровизија, со барање на Израел да му се забрани учество на сите годинашни натпреварувања поради неселективните напади врз Газа.