Şenhan Bolelli
27 Јануари 2016•Ажурирај: 28 Јануари 2016
МАДРИД (АА) - Шпанската полиција утрово започна голема операција во повеќе градови во која се приведени најмалку девет лица осомничени за врски со терористичката организација ПКК, јавува Anadolu Agency (АА).
Шпанскиот министер за внатрешни работи објави дека операцијата беше лансирана со цел борба против терористички структури на ПКК во Шпанија и дека во Билбао, Мадрид и Валенсија биле претресени 11 домови и канцеларии.
Меѓу уапсените беа осум шпански и еден турски државјанин, а истрагата за случајот ја води шпанскиот државен обвинител Eлој Веласко.
Полициската управа во Мадрид соопшти дека меѓу уапсените се две лица, кои се познати како лидери на огранокот на ПКК во Шпанија, а беа уапсени ова утро во рација на еден објект во Мадрид.
Во соопштението се вели дека станува збор за две лица кои полицијата ги следи од 2014 година и кои биле членови на групата Редскинс која минатата година прерасна во политичка партија. Гореспоменатата група е обвинета дека во последниве години обучувала и во војна во Сирија ги испраќала војниците кои се бореле во редовите на сирискиот огранок на ПКК.