Ahmet Furkan Mercan
09 Август 2021•Ажурирај: 11 Август 2021
ТОКИО
Упатено предупредување за евакуација на 235.000 лица по тајфунот Лупит, што ги зафати западните и јужните региони на Јапонија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Јапонската метеоролошка агенција (JMA) соопшти дека западните и јужните региони на земјата, особено провинциите на брегот на Јапонското Море, се погодени од тајфунот Лупит.
Јавниот радиодифузер НХК (NHK) информираше дека досега се издадени предупредувања за евакуација на вкупно 235.000 луѓе во провинциите Хирошима, Шимане и Ехиме.
Според информативната агенција „Кјодо“, железниците во Западна Јапонија откажале некои услуги на линијата Санјо - Шинкансен, што ги опфаќа јужните региони.
По силните ветрови исто така и мостот што ги поврзува јужниот град Осака и аеродромот „Кансаи“ беше затворен за сообраќај.
Локални полициски извори соопштија дека едно лице исчезнало во реката што се излеала по дождот во провинцијата Шимане.
Јапонската метеоролошка агенција во исто време предупреди дека се очекуваат обилни врнежи во регионите Канто, Кинки и Токаи.