Büşra Selvi Öğütcen
09 Јули 2022•Ажурирај: 11 Јули 2022
ТОКИО (АА) – Јамагами Тецуја, атентаторот на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе, имал намера да изврши атентат и на водачот на верска група во Јапонија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Истражителите во случајот со вчерашното убиство на поранешниот јапонски премиер Абе за новинската агенција „Кјодо“ изјавија дека уапсениот напаѓач Јамагами признал дека планирал атентат на водачот на локална верска група.
Наводно, неговата мајка банкротирала поради донациите што ги давала на таа група. Јамагами е уверен дека Абе ја поддржува таа верска секта и најверојатно тоа бил и мотивот за атентатот.
Истражителите утврдиле и дека Јамагами во повеќе наврати престојувал на локацијата каде што во петокот пукаше во Абе, додека поранешниот премиер држеше говор на предизборниот собир во центарот на градот Нара.