Muhammet Nusret Altun
18 Јули 2019•Ажурирај: 19 Јули 2019
АНКАРА
АНКАРА (АА) - Во јапонскиот град Кјодо избувна пожар во студио за анимација, во кој животот го загубиле 23 лица, а околу 36 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Полициски извори соопштија дека едно лице истурило запалива течност и ја запалило трикатната зграда на едно студио за анимација во Кјодо.
Противпожарната служба информираше дека во пожарот животот го загубиле 23 лица, а 36 се повредени. Полицијата соопшти дека меѓу повредените, кои се пренесени во болница, се наоѓа и лице на 41-годишна возраст кое го подметнало пожарот.
Покрај тоа, полицијата соопшти дека на местото на несреќата се пронајдени и ножеви.
Во времето кога избувнал пожарот во зградата се наоѓале околу 70 лица.
Очевидците изјавија дека слушнале експлозија и виделе облаци од црн дим како се извишуваат од зградата.
Студиото за анимација „Kyoto Animation“ (KyoAni) формирано во 1981 година, со седиште во Уџи, во подрачјето на Кјодо, е познато по голем број анимирани филмови и серии.