Emre Aytekin
18 Јули 2019•Ажурирај: 19 Јули 2019
ВАШИНГТОН
Соединетите Американски Држави (САД) ќе распоредат нови 2.100 војници заради безбедноста на границата со Мексико, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Пентагон е наведено дека на границата со Мексико ќе бидат распоредени 1.100 припадници на американската Војска и 1.000 припадници на Националната гарда на Тексас.
Нагласено е исто така дека припадниците на Федералната војска ќе го набљудуваат подрачјето од воздух и ќе пружаат логистичка поддршка. Припадниците на Националната гарда на Тексас ќе бидат задолжени за безбедноста на пограничните регионите на Дона и Трониљо? Tronillo, каде што се наоѓаат привремените сместувачки центри за мигрантите.
Праќањето на додатните 2.100 американски војници на границата со Мексико го одобри вршителот на должноста министер за одбрана на САД, Ричард В. Спенсер.
На границата со Мексико во моментот се наоѓаат околу 4.500 војници.
Мигрантите кои незаконски ја преминуваат американсата граница прдизвикаа сериозна напнатост меѓу САД и Мексико, а затворањето на границата со Мексико беше едно од главните ветувања на Трамп во предизборната кампања.