Serdar Dincel
16 Јули 2024•Ажурирај: 17 Јули 2024
ТОКИО (АА) - Јапонија денес го заврши испуштањето на седмата серија на прочистена радиоактивна вода во морето од оштетената нуклеарна централа „Фукушима Даичи“, јавува Анадолу.
Компанијата „Токио Електрик Пауер Компани Холдингс“ од 28 јуни испуштила околу 7.800 тони вода.
Операторот изјави дека нема абнормални нивоа на тритиум во блиските води.
Јапонија почна да испушта прочистена радиоактивна отпадна вода од централата минатиот август, а тоа предизвика силни реакции од Кина и опозициските партии во Јужна Кореја и Соломонските Острови.
Електраната мораше да биде затворена по земјотресот и цунамито во 2011 година, најлошата нуклеарна несреќа од Чернобил во 1986 година.