Ahmet Furkan Mercan
14 Септември 2020•Ажурирај: 15 Септември 2020
ТОКИО
Првиот секретар на јапонската Влада и портпарол на владејачката Либерална демократска партија (ЛДП), Јошихиде Суга, е избран за нов лидер на таа политичка партија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Шинзо Абе беше 7 години и 8 месеци на чело на јапонската Влада, а неодамна поднесе оставка поради влошената здравствена состојба. Дијагностициран му е улцерозен колитис, поради што минатата недела повраќал крв.
Во трката за местото наследник на Абе на чело од ЛДП и на Владата на Јапонија беа и претседателот на Советот на ЛДП за политички истражувања и поранешен шеф на јапонската дипломатија, Фумио Кишида, и поранешниот генерален секретар на ЛДП и поранешен министер за одбрана на Јапонија, Шигеру Ишиба.
Како еден од најблиските соработници на Абе, Суга е избран со 377 гласа од вкупно 534 делегати кои го бираа новиот лидер на ЛДП. Гласаа парламентарните застапници на ЛДП и лидерите на регионалните и локалните одбори на партијата.
Парламентот на Јапонија на 16 септември ќе одржи вонредна седница, на која Суга би требало да биде именуван и за нов премиер на земјата.