Nuri Aydın
02 Септември 2019•Ажурирај: 03 Септември 2019
АНКАРА (АА) – Јапонија е во процес на затворање на 40 проценти од своите нуклеарни реактори, пренесува Anadolu Agency (AA).
Јапонската комисија за атомска енергија (JAEC) ги повика оперативните компании да испланираат план за намалување на безбедносните ризици и трошоци, бидејќи се влегува во период на затворање на реакторите и ги повикува компаниите во САД и Европа да го следат тој пример.
Во Јапонија се планира да бидат деактивирани вкупно 24 реактори, од друга страна, се вели во веста на АП, ниеден сè уште не е деактивиран и во моментов нема конкретен план за уништување на радиоактивниот отпад.
Во веста, исто така, се наведува дека наместо да инвестираат во безбедносните стандарди во земјата по нуклеарната катастрофа во Фукушима, се спроведува политика за затворање на застарените реактори.
Земјотресот со јачина од 9 степени што се случи во Јапонија на 11 март 2011 година и цунамито што следуваше потоа, предизвика радиоактивно истекување во нуклеарната централа „Фукушима“. Десетици илјади луѓе во областа мораа да ги напуштат своите домови по истекувањето.
Се проценува дека ќе бидат потребни децении за да биде целосно контролирано истекувањето и електраната да се ликвидира.