Zehra Ulucak
17 Јуни 2017•Ажурирај: 18 Јуни 2017
АНКАРА (АА) - Најмалку седум членови од екипажот на американскиот брод „USS Fitzgerald" се водат за исчезнати, а тројца беа повредени откако воен брод се судри со товарен брод во водите околу 90 километри од јапонскиот град Јокосука, пренесува Anadolu Agency (AA).
Јапонската новинска агенција Кјодо објави дека американскиот брод „Fitzgerald" се судрил со товарен брод кој ја носел ознаката на Филипините.
Тоа се случи рано утринава околу 2:30 часот, а по несреќата седум членови од екипажот на американскиот брод се водат за исчезнати, додека тројца се повредени.
Командантот на „Fitzgerald", Брус Бенсон и уште двајца други членови на екипажот биле префрлени во болница.
Јапонската крајбрежна стража веќе започна акција во потрага по исчезнатите членови на екипажот, а во потрагата се вклучени авиони и хеликоптери.
Двата брода се делумно оштетени како последица од несреќата, а во моментов се наоѓаат на пристаништето во Токио. Причината за несреќата се уште не е позната.
Компанијата Нипон Јусен, која е сопственик на товарниот брод, кој се судри со „Fitzgerald", објави дека ниту еден од 20те членови на екипажот на бродот не е повреден.
„Fitzgerald" дејствувал во рамките на американската морнарица, која заедно со кинеската е задолжена за безбедноста на азиско пацифичкиот регион.