Ahmet Furkan Mercan
27 Мај 2022•Ажурирај: 29 Мај 2022
ТОКИО (АА) - Јапонскиот премиер Кишида Фумио истакна дека Украина може да биде утрешна Источна Азија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Обраќајќи им се на гостите државници кои ја посетија неговата земја на настанот „Future of Asia“, организиран од „Никеи“, Кишида се осврна на руско-украинската криза и растечката улога на Азија во меѓународната заедница.
„Сега ни треба нов меѓународен поредок со потекло од Азија. Бидејќи Азија сочинува околу 35 отсто од светската економија и е најбрзо растечки регион во светот“, нагласи Кишида.
Истакнувајќи дека 50-годишнината од односите меѓу Јапонија и Асоцијацијата на нации од Југоисточна Азија (ASEAN) ќе се прослави во 2023 година, Кишида рече: „Ќе влеземе во нова ера со АСЕАН, давајќи нова визија за соработката и нова насока за односите.“
Во врска со заканите за статус-кво во регионот, Кишида рече: „Ова не е прашање на заземање страна со САД или пак со Кина. Повеќе од тоа, тоа е прашање на заштита или губење на универзалните вредности и мирниот светски поредок.“
Наведувајќи дека се чувствуваат ефектите од Руско-украинската војна врз безбедноста на Азиско-пацифичкиот Регион, Кишида подвлече: „Украина може да биде утрешна Источна Азија. Кршењето на суверенитетот и територијалниот интегритет не треба никаде да се толерира.“