Ahmet Furkan Mercan
30 Јули 2020•Ажурирај: 30 Јули 2020
ТОКИО
Земјотрес од 5,8 степени го потресе јапонското островото Тори-шима во Тихи Океан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Јапонската Агенција за метеорологија соопшти дека во југоисточниот дел на земјата, земјотрес со интензитет од 5,8 степени го потресол островото Тори-шима кое е дел од групата острови Изу.
Земјотресот се случил во 09:36 часот по локално време, на длабочина од 60 километри. Агенцијата не дала предупредување од можно цунами.