Hamdi Yıldız
07 Декември 2020•Ажурирај: 08 Декември 2020
ЈЕМЕН
Претседателството на Јемен ја повика меѓународната заедница да побрза да ги вклучи Хусите, поддржани од Иран, во меѓународната терористичка листа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на јеменската новинска агенција, потпретседателот на Јемен, Али Мухсин Салих, во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија се состанал со заменик државниот потсекретар на САД за Блискиот исток, Дејвид Шенкер.
Салих ги обвини Хусите за напад врз градовите на Јемен и Саудиска Арабија со балистички ракети и беспилотни вооружени летала.
„Овој метод на злосторство меѓународната заедница ја става под голема одговорност. Потребно е да се одговори на барањата на народот, политиката и законите и да се казни оваа заедница, а исто така и да се вклучи во терористичката листа“, истакна Салих за време на состанокот.
Се уште нема изјава од Хусите во однос на ова прашање.
Во последните неколку недели во американските медиуми се појавија информации дека администрацијата на Доналд Трамп се обидува да ги вклучи Хусите кои се поддржани од Иран на терористичката листа.
Во Јемен, каде подолго време владее политичка нестабилност, Хусите поддржани од Иран од септември 2014 година имаат контрола врз главниот град Сана и некои региони.
Коалиционите сили предводени од Саудиска Арабија, од март 2015 година ја поддржуваат јеменската влада против Хусите.