Sarp Özer
07 Декември 2020•Ажурирај: 08 Декември 2020
АНКАРА
Откриени се снимките од моментите кога грчките војници ги префрлуваат на гумен чамец на отворено море нелегалните мигранти што ги носат со бродот на Крајбрежната стража и ги оставаат да умрат, јавува Агенција Анадолија (АА).
На истокот од островот Лерос, со беспилотно летало снимена е секоја минута од моментите кога нелегалните мигранти, носени со бродот на Грчката крајбрежна стража, се оставаат на гумен чамец на отворено море, со што се загрозуваат нивните животи.
Бродот на Грчката крајбрежна стража донесе гумен чамец на истокот од островот Лерос.
Откако дојдоа во регионот утврден претходно, започна нехуманата практика на грчките војници.
Сите мигранти од бродот на Крајбрежната стража еден по еден се префрлени на гумениот чамец.
- Турската крајбрежна стража им помогна на мигрантите кои беа оставени да умрат
Грчките елементи го напуштија регионот откако сите мигранти беа префрлени на гумениот чамец. Десетици луѓе беа оставени да умрат на отворено море.
Безбедносните експерти истакнаа дека Турската крајбрежна стража им помогнала на мигрантите, кои поради неповолните услови на отворено море биле блиску до смртта.