Hamdi Yıldız
15 Ноември 2019•Ажурирај: 17 Ноември 2019
ЈЕМЕН (АА) - Министерот за труд и социјални работи на Јемен, Ибтихак ел Кемал, истакна дека војната која ја предизвикале Хусите во земјата, во голема мера ги зголемила проблемите на жените во земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на јеменската официјална новинска агенција „Саба“, Кемал имаше свое обраќање на Меѓународната конференција за развој и население организирана во главниот град на Кенија, Најроби, на кое рече дека како резултат на војната во Јемен, над 2 милиони жени биле принудени да се раселат од местата во кои живееле.
Кемал нагласи дека во текот на војната 1,5 милион бремени жени биле лишени од здравствените услуги.
Тој упати апел до меѓународните донатори кои го поддржуваат Јемен, да дадат финансиски придонес за програмите во сите области, особено за жените.
Кемал укажа на состојбите како смрт, затвор и миграција, на кои се изложени жените кои живеат во зоните кои се под контрола на Хусите, барајќи од меѓународните организации да се преземат потребни чекори за заштита на жените во овие зони.