Ahmed Asmar
19 Декември 2023•Ажурирај: 20 Декември 2023
АНКАРА (АА) - Јеменските бунтовници Хуси денес ветија дека ќе продолжат со нападите врз израелските бродови кои минуваат низ блиските води и покрај најавата за меѓународна коалиција предводена од Соединетите Американски Држави (САД) против нив во Црвеното Море, јавува Анадолу.
Високиот претставник на Хусите, Мухамад Абдулсалам, на социјалната мрежа Х објави дека целта на нападите е поддршка на Палестинците додека се соочуваат со израелската „агресија и опсада“ во Газа.
Тој додаде дека јеменските операции не се предизвик за другата страна, но нагласи дека секоја страна што сака да го прошири конфликтот „мора да ги сноси последиците од своите постапки“.
„Коалицијата формирана од САД треба да го заштити Израел и милитаризацијата на (Црвеното) Море без никакво оправдување и нема да го спречи Јемен да продолжи со своите легитимни операции за поддршка на Газа“, рече тој.
Абдусалам додаде:
„Бидејќи САД си дозволија да го поддржат Израел, народите во регионот имаат полн легитимитет да го поддржат палестинскиот народ. Јемен си презеде обврска да застане со палестинската десница.“
Вчера, секретарот за одбрана Лојд Остин најави создавање мултинационална мисија наречена операција „Просперитет Гардијан“ со цел спротивставување на нападите на Хусите врз комерцијалните бродови во Црвеното Море.
Остин го опиша тој потег како „важна нова мултинационална безбедносна иницијатива под чадорот на Здружените поморски сили и Работната група 153“, која се фокусира на безбедноста во Црвеното Море.
Црвеното Море е еден од најкористените морски патишта во светот за транспорт на нафта и гориво.
Бунтовниците Хуси во Јемен, поддржани од Иран, значително го зголемија своето учество во тековниот конфликт во Појасот Газа, гаѓајќи ги бродовите во јужниот дел на Црвеното Море и предупредувајќи дека ќе ги нападнат сите израелски бродови.