Ikrame Imane Kouachi
26 Јануари 2024•Ажурирај: 27 Јануари 2024
АНКАРА (АА) - Најмалку 183 Палестинци загинаа, а 377 се повредени во изминатите 24 часа во израелските напади врз Појасот Газа, соопшти денес Министерството за здравство на палестинската енклава, јавува Анадолу.
„Израелската окупација (израелските сили) во изминатите 24 часа изврши 19 масакри врз семејства во Појасот Газа, оставајќи 183 загинати и 377 повредени“, соопшти Министерството.
„Многу луѓе се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, наведе Министерството.
Вкупниот број жртви во нападите на Израел врз Газа од 7 октомври се искачи на 26.083, а 64.487 Палестинци се повредени, истакна Министерството.
Израел започна жестоки напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври, во кој, како што вели Тел Авив, загинале речиси 1.200 луѓе.
Според податоците на Обединетите нации, поради израелската офанзива 85 отсто од населението на Газа е внатрешно раселено и се соочува со акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена.