Laith Joneidi,Said İbicioğlu
16 Јануари 2016•Ажурирај: 16 Јануари 2016
АМАН (АА) - Меѓународниот одбор на Црвениот крст (ICRC) изрази длабока загриженост поради условите во кои живеат 16.000 Сиријци на јорданската граница, јавува Anadolu Agency (AA).
Сиријците се наоѓаат на сириската страна од границата помеѓу Сирија и Јордан и живеат во многу тешки услови.
Гласноговорникот на Меѓународниот одбор на Црвениот крст во Јордан, Хала Шамлави, за АА кажа дека на другата страна се наоѓаат ранети и болни лица, жени и деца. На голем број од нив потребна им е итна медицинска помош. Тој изразува голема загриженост поради тешките услови во коишто живеат Сиријците.
"Голем број од нив кои дошле до границата потребна им е сигурност и заштита. Станува збор за жени, деца и стари лица. Живеат во импровизирани бараки во многу тешки услови", појаснува Шамлави.
Тој истакна дека Меѓународниот одбор на Црвениот крст во 2015 година на различни начини им помагал на бегалците.
Портпаролот на јорданската Влада, Мухамед ел-Мумани кажа дека секојдневно даваат дозвола за влез во земјата за 50 до 100 лица, зависо од здравствената состојба.
Канцеларијата на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (UNHCR) во Јордан наведува дека во 2014 година во оваа земја влегле 121.000 сириски бегалци и дека тој број во 2015 година е намален на 40.000.
Моментално во Јордан има 633.500 сириски бегалци.