Laith Joneidi,Afra Aksoy
03 Јануари 2016•Ажурирај: 03 Јануари 2016
АМАН (АА) - Преку Светската програма за храна на Обединетите нации, минатата година за сириските бегалци во Јордан се одвоени 117 милиони долари, јавува Anadolu Agency (АА).
Координаторот на WFP Џонатан Кембел истакна дека во 2015 година се одвоени повеќе од 117 милиони долари за сириските бегалци во Јордан и дека активностите во оваа земја траат од 2012 година. Всушност, оттогаш до сега за бегалците во оваа земја се одвоени 428 милиони долари. Кембел истакна дека во јануари оваа година се планирани над седум милиони долари за 530.900 сириски бегалци кои се наоѓаат во Јордан.
"За Сиријците кои се наоѓаат во бегалските кампови во 2016 година, планираме покрај леб да дадеме и 28 долари по лице на месечна основа, додека оние кои се надвор од камповите ќе добијат 14-21 долар", вели Кемпбел.
Во Јордан, според официјалните податоци, од почетокот на војната во Сирија во март 2011 година до денес, има 1,4 милиони Сиријци. Од нив околу 750.000 во оваа земја пристигнаа пред војната.