Laith Al-jnaidi,Gülşen Topçu
22 Јули 2021•Ажурирај: 23 Јули 2021
АМАН (АА) - Јорданскиот крал Абдула II изјави дека е потребно повторно да започне мировниот процес меѓу Палестина и Израел врз основа на дводржавното решение, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кралот Абдула II преку соопштение ја информира јавноста дека се состанал со членовите на повеќе одбори во американскиот Сенат во рамките на посетата на Вашингтон.
За време на состанокот разговарано е за односите помеѓу двете земји и за зајакнување на партнерствата и соработката во различни области.
Кралот Абдула II истакна дека мировниот процес меѓу Израел и Палестина треба повторно да започне врз основа на дводржавното решение според кое би била воспоставена независна држава Палестина во границите од 1967 година, со источен Ал Кудс (Ерусалим) како главен град.
Подоцна, јорданскиот крал се состана и со претставници на Демократската партија и на Републиканската партија.
Кралот Абдула II смета дека ако не се постигне напредок во продолжувањето на мировниот процес, повторно би можело да дојде до насилства.