AP
09 Јануари 2018•Ажурирај: 09 Јануари 2018
ЈОХАНЕСБУРГ (AA) - Повеќе од 200 лица се повредени во железничка несреќа во Јужноафриканаската Република, јавува Anadolu Agency (AA).
Нана Радебе, портпарол на службата за управување со вонредни ситуации во градот, изјави дека се хоспитализирани најмалку 226 лица, но повеќето од нив претрпеле само лесни телесни повреди.
Групата за итни случаи ER24 соопшти дека нема загинати во сообраќајната несреќа што се случи на железничката станица Гермистон.
До несреќата дошло поради излетување на возот од шините. Истрагата е во тек и засега не се знае причината поради која дошло до излетувањето на возот од шините.
Минатата недела загинаа најмалку 18 лица, а 260 беа повредени во судир на патнички возов и камион во Јужноафриканската Република. Според извештаите на локалните медиуми, возот се движел од Јоханесбург кон пристаништето Елизабет.