Burcu Arik,Hale Türkeş
22 Мај 2016•Ажурирај: 23 Мај 2016
ЛЕФКОЗИЈА (АА) - Граѓаните на Јужeн Кипар денес ќе излезат на гласање за избор на новиот состав на парламентот, јавува Anadolu Agency (AA).
Рекордниот број на пратенички кандидати, 493, ќе се борат за едно од 56-те пратенички места во Претставничкиот дом на јужнокипарскиот парламент.
Повеќе од 542.000 регистрирани гласачи имаат можност да гласаат за новиот состав на парламентот од 7 часот изутрина,по локално време до 18 часот, кога се затвораат избирачките места.
Прелиминарните изборни резултати, како што е најавено, ќе бидат објавени во 23 часот.
Новите пратеници ќе положат заклетва во септември за период од пет години.
Од 1974 година Кипар е поделен на јужен (грчки) и северен (турски) дел на островот.