Ömer Erdem
03 Ноември 2021•Ажурирај: 03 Ноември 2021
КАРТУМ (АА) - Во пад на товарен авион од типот „Антонов Ан-26“ во Јужен Судан, починаа пет лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Локалните медиуми објавија дека пет лица, од кои две се државјани на Русија, починале во несреќата која се случила набрзо по полетувањето во главниот град Џуба.
Кјур Куол, генералниот директор на Меѓународниот аеродром „Џуба“, рече дека авионот се срушил во регионот Гондокоро на источниот брег на реката Нил.
Очевидец на несреќата, за новинарот на АА изјави дека ги видел запалените остатоци од авионот.