Emel Öz Gözellik
26 Мај 2018•Ажурирај: 27 Мај 2018
СЕУЛ (АА) - Јужна Кореја изрази задоволство од изјавата на американскиот претседател, Доналд Трамп, кој рече дека сè уште е отворен за одржување самит со лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на претседателството на Јужна Кореја, Ким Еу Кје, изјави дека го поздравуваат тоа што сè уште постои можност за одржување самит меѓу САД и Северна Кореја.
„Внимателно ги следиме настаните“, додаде Ким Еу Кје.
Трамп на севернокорејскиот лидер му соопшти дека нема да учествува на самитот на кој беше планиран да се одржи на 12 јуни во Сингапур, поради гневот и отвореното непријателство во последните изјави на Ким Џонг Ун.
Потоа, заменик министерот за надворешни работи на Северна Кореја, Ким Кје Гван, рече дека и покрај тоа што Трамп го откажа самитот, тие се отворени за средба.
Трамп вчера нагласи дека сè уште се отворени за одржување самит на кој ќе се состанат со Ким Џонг Ун, и дека оваа средба е можна, дури и на 12 јуни.