Kemal Zorlak
28 Јануари 2016•Ажурирај: 29 Јануари 2016
САРАЕВО (АА) - Меѓу историските настани кои се случиле на денешен ден, издвојуваме:
1573. - Започнаа селските буни, чиј предводник беше Амброз Губец (покасно наречен Матија) од Горна Стубица. Поводите за буна беа повеќекратни, а помеѓу најпознатите се насилствата на земјопоседникот Фрањо Тахји над селските жени.
1689. - Англискиот парламент објави абдикација на кралот Џејмс II. Последниот владар од династијата Стујарт беше присилен да ја напушти престолнината поради обидот да го врати католицизмот во Англија.
1878. - Во Њу Хејвен пуштена е во работа првата телефонска централа, две години по што Александар Грахам Бел го патентирше телефонот.
1889. - Аугост Чарлоис го откри астероидот "282 Clorinde."
1932. - Јапонија го окупираше Шангај (Кина).
1935. - Исланд стана прва земја во која е легализиран абортусот.
1958. - Патентирани се современите Лего коцкички изработени од пластика. Многу интересно е дека таквите коцкички од 1958 година се компатибилни со коцките кои се произведуваат денеска, иако се стари преку 55 години.
1986. - По полетувањето од Капе Карневалот експлодираше и "Space Shuttle Challenger" , загинаа сите седум астронаути.
1998. - Во Индија на смрт се осудени сите 26 обвинети за учество во заверата и убиството на поранешниот премиер Раиво Ганди.
2002. - Во Белград одржана прва седница на Меѓународната комисија за утврдување на границите и подготовки за договор за државна граница помеѓу Југославија и Хрватска.
2006. - Во Катовица, во Јужна Полска се урна кров од салата во која се одржуваше изложбата на гулаби, загинаа 60, а повредени беа 141 лице.