?????
08 Февруари 2016•Ажурирај: 09 Февруари 2016
СЕУЛ (АА) - Јужна Кореја го зголми степенот на приправност и внимателно го следи однесувањето на војската на Северна Кореја, чии патролни бродови утринава ја поминаа поморската граница, јавува Anadolu Agency (AA).
Јужнокорејската морнарица соопшти дека со пукање во воздух ги предупредила партолните бродови на севернокорејската војска кои рано утринава ја пречекорија таканаречената Северна линија на разграничување (NLL).
Станува збор за граница која официјален Пјонгјанг не ја признава и која севернокорејската војска и претходно ја кршела на сличен начин.
Повредите на границата дојде во моменти кога сите жители на Корејскиот Полуостров се подготвуваа за дочекот на кинеската Нова година.
„Јужнокорејската војска е на највисок степен на готовност и ги набљудуваме активностите на севернокорејската војска на линијата на разграничување, НЛЛ”, соопштија воени извори од Сеул.
Утринскиот инцидент додатно ги зголеми тензиите во регионот кои ескалираа вчера со севернокорејското лансирање на ракети со долг домет во орбитата.
Властите на Северна Кореја вчера соопштија дека во рамките на „мирнодобската вселенска програма” во орбитата лансирале балистичка ракета со сателит што предизвика остри реакции од светот.
На повик на Јужна Кореја, САД и Јапонија во седиштето на ОН се одржа затворена седница на Советот за безбедност, на која Советот остро го осуди севернокорејскиот потег.
По седницата објавено е соопштение во кое се наведува дека членките на Советот за безбедност го осудуваат севернокорејскиот потег и тоа го сметаат за очигледен обид за развој на носачи на нуклеарни боеви глави со долг дострел, без оглед што тоа официјален Пјонгјанг го оправдува со наводното лансирање на сателити и вселенски лебдечки тела во орбитата.
„Ова е ново грубо кршење на резолуцијата на Советот за безбедност”, се наведува во соопштението.
Советот најави дека експресно ќе ја усвои и новата резолуција како одговор на „опасното кршење” на постоечките резолуции од страна на Северна Кореја.
Потегот на севернокорејските власти го осудија и властите на Турција, Италија, Велика Британија, Франција и бројни други земји вклучувајќи го и традиционалниот сојузник на Пјонгјанг, Кина.
Од друга страна, Кина и Русија сметаат дека не е време за нови санкции кон Северна Кореја, која веќе е во изолација поради програмата за развој на нуклеарно оружје и непочитување на меѓународните норми и договор.