Dildar Baykan
14 Јули 2019•Ажурирај: 16 Јули 2019
ЊУЈОРК (АА) - Прекин во снабдувањето со електричната енергија на Менхетен во Њујорк, доведе до отежнато одвивање на секојдневните активности, јавува Anadolu Agency (AA).
Поради прекинот на електричната енергија многу деловни објекти не можеа да ги извршуваат своите активности, а дојде и до сообраќаен колапс. Полицијата презеде зајакнати мерки на безбедност.
Како што соопшти електродистрибутерот „ConEdison“, без напојување со електрична енергија останале над 38.000 потрошувачи.