Mücahit Oktay
30 Август 2023•Ажурирај: 31 Август 2023
ЊУЈОРК (АА) - Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, изјави дека отсега езанот, повикот за молитва на муслиманите, преку звучник може да се кажува за петочната молитва (џума-намаз) и во текот на ифтарот за време на месецот на постот Рамазан, јавува Анадолу.
„Ја отстрануваме бирократијата и отворено кажуваме дека не морате да барате дозвола посилно да ја најавувате молитвата во петок“, изјави Адамс.
На состанокот, на кој присуствуваа претставници од разни џамиски здруженија и муслимански фондации, Адамс го рече следното:
„Слободни сте да ја практикувате својата вера во Њујорк. Се гордеам што денес конечно го правиме тоа.“
Наведе дека исламот, како и христијанството, јудаизмот и другите вери, е важен елемент на њујоршката култура и дека џамиите се од голема помош во борбата против криминалот и нерегуларните мигранти.
Адамс наведе дека Њујорк е пионер во многу области во поглед на слободата и правата.
Тој нагласи дека кон сите се однесуваат еднакво, како што е тоа според законот, и дека не ги менуваат правилата со цел тоа да е од корист некому или на некоја група.
Во согласност со одлуката што ја донесе градот Њујорк, езанот ќе биде пуштен првиот следен петок, под услов да се одржува на разумно ниво.