Necva Taştan Sevinç
23 Септември 2025•Ажурирај: 24 Септември 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Џамија во градот Хултсфред во јужниот дел на Шведска е уништена во пожар што избувна синоќа, а полицијата се сомнева дека е подметнат, пренесуваат локалните власти, јавува Анадолу.
Пожарот избувна доцна синоќа и брзо ја зафати џамијата, зграда што претходно била црква, објави „Шведска Хералд“.
„Не знаеме како започнал пожарот, но зградата значително е зафатена од огнот“, изјави Мајкл Хеселгард од спасувачката служба.
Нема информации за повредени, но објектот е претворен во урнатини.
„Зградата ќе биде целосно уништена. Не е можно да се користи понатаму за ништо“, рече Хеселгард.
Спасувачките екипи останаа на местото до изутрина за да го изгаснат пожарот целосно, по што полицијата го обиколи местото со цел започнување истрага.
Портпаролот на полицијата, Патрик Форс, потврди дека случајот се истражува како подметнат пожар.