Hasan Esen
24 Септември 2019•Ажурирај: 25 Септември 2019
ЛОНДОН (АА) - Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, истакна дека aпсолутно не се согласува со одлуката на Уставниот суд, но дека ќе ја почитува, јавува Anadolu Agency (AA).
Џонсон даде изјава за медиумите во Њујорк каде што престојува по повод учеството на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН).
„Тоа е одлука која ќе ја почитуваме. Ги почитуваме одлуките на Судот. Сакам да истакнам дека апсолутно не се согласувам со резултатот кој го постигна Судот. Не сметам дека е исправна, но ќе ја почитуваме одлуката, и сигурно дека ќе се отвори Парламентот“, рече Џонсон.
Според него, нема сомнение дека постојат голем број лица кои сакаат да го спречат Брегзит.
„Постојат голем број луѓе кои сакаат да ја спречат земјата да ја напушти Европската Унија“, додаде тој.
Врховниот суд на Велика Британија едногласно ја прогласи за незаконска одлуката на премиерот Борис Џонсон за суспендирање на работата на Парламентот.