Hakan Çopur
01 Јуни 2017•Ажурирај: 01 Јуни 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Привремено е запрена одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп, за преместување на американската амбасада во Израел, од Тел Авив во Ерусалим, јавува Anadolu Agency (AA).
Информацијата за привременото запирање на одлуката ја потврди Белата куќа.
Откако Трамп најави дека амбасадата ќе биде преместена од Тел Авив во Ерусалим, стигнаа голем број осудувања од земјите на исламскиот свет и пошироко.
„Го сакаме тоа, но ќе видиме кога ќе се случи”, изјави претходно Трамп.