Can Erözden
14 Јуни 2022•Ажурирај: 15 Јуни 2022
АНКАРА (АА) - Австралиската фудбалска репрезентација избори пласман на Светското првенство во фудбал ФИФА 2022 што ќе се одржи во катар, елиминирајќи ја репрезентацијата на Перу на пенали со резултат 5-4, јавува Агенција Анадолија (АА).
Регуларното време и продолженијата на квалификацискиот плејоф завршија без голови 0-0, па пеналите одлучуваа за победничкиот тим во катарскиот Ал Рајан и пласман во завршницата на Светскиот фудбалско првенство.
По победа, Сокероси (официјалниот прекар на фудбалската репрезентација на Австралија) стигнаа до своето петто последователно финале на Светските првенства.
Австралија им се приклучи на репрезентациите на Франција, Данска и Тунис во група Д.
Почетокот на Светското фудбалско првенство во Катар 2022 година на кое ќе учествуваат 32 тима поделени во осум групи, започнува за 21 ноември и ќе трае до 18 декември.