Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
10 Септември 2021•Ажурирај: 11 Септември 2021
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денеска разговараше со катарскиот министер за надворешни работи, Мухамед бин Абдулрахман ал Тани, за развојот на ситуацијата во Авганистан и билатералните односи меѓу двете земји, јавува Агенција Анадолија (АА).
По состанокот со неговиот катарски колега во Анкара, Чавушоглу на Твитер напиша: „Со мојот брат Мухамед бин Абдулрахман ал Тани го започнавме денот со дискусија за случувањата во Авганистан и нашите билатерални односи.“
Само неколку недели по освојувањето на главниот град Кабул, талибанците во вторникот го објавија формирањето на „привремена Влада“ во Авганистан, предводена од Мулах Мохамад Хасан Ахунд.
Портпаролот на талибанците, Забихула Муџахид, го објави долгоочекуваниот 33-член кабинет еден ден откако талибанците соопштија дека ја презеле целосната контрола врз земјата, по нивното молскавично преземање на поголемиот дел од нејзината територија минатиот месец.
Катарските и турските тимови, според наводите, работат заедно за да започнат со активности на аеродромот во Кабул.