Ekip
12 Септември 2016•Ажурирај: 13 Септември 2016
РИМ (АА) - Доколку градоначалничката на Рим, Вирџинија Раги одбие Рим да биде домаќин на Олимписките игри во 2024 година, градот не ќе може да аплицира да биде домаќин во наредните 50 години. Ова го изјави Џовани Maлаго, претседател на италијанскиот Олимписки комитет (CONI), пренесува Anadolu Agency (AA).
Новоизбраната градоначалничка на главниот италијански град на почетокот на нејзиниот мандат во јуни оваа година, изјави дека ќе одбие Рим да биде кандидат за домаќин на Олимписките игри. Таа во повеќе наврати изјави дека трошоците од Олимписките игри не би биле издржливи.
Се очекува дека до крајот на оваа недела Раги официјално да го потврди или негира својот став.
Во меѓувреме, претседателот на CONI во интервју за неаполската весник "Il Mattino", рече дека ако Рим ја одбие кандидатурата за истата може да аплицира дури за 30 до 50 години.
Ако властите на Рим ја одбијат кандидатурата, тоа ќе биде втор таков случај откако пред четири години тогашниот премиер Марио Монти ја суспендираше кандидатурата на Рим за Олимписките игри во 2020 година поради финансиски услови.