Şenhan Bolelli
08 Мај 2022•Ажурирај: 09 Мај 2022
МАДРИД (АА) - Шпанецот Карлос Алкараз, моментално деветтиот тенисер на светската АТП-листа, се пласираше во финалето на Мастерс турнирот во Мадрид откако со одлична игра во полуфиналето со 2:1 во сетови го совлада Новак Ѓоковиќ, светскиот рекет број еден, известува Агенција Анадолија (АА).
Во натпреварот што траеше повеќе од три и пол часа, 19-годишниот Шпанец славеше победа со резултат 2:1 (по сетови 6:7, 7:5 и 7:6).
Алкараз во четвртфиналето го совлада својот сонародник Рафаел Надал и со победата над Ѓоковиќ стана првиот тенисер кој на ист турнир нанижа победи и над Надал и над Ѓоковиќ.
Пред две недели Алкараз ја освои титулата на АТП-турнирот во Барселона.
Алкараз пред дуелот за Ѓоковиќ зборуваше како за еден од најдобрите тенисери на сите времиња, а Ѓоковиќ го нарече Алкараз за негов син број еден во светскиот тенис.
Алкараз денес, во финалето кое почнува во 18:30 часот, ќе игра против Германецот Александар Зверев кој во вториот полуфинален дуел го совлада Гркот Стефанос Циципас со резултат 2:1 (по сетови 6:4, 3:6 и 6:2).