Musa Samur
23 Јули 2022•Ажурирај: 28 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Американскиот кошаркар Тајрик Џонс е нов член на екипата на турскиот прволигаш Турк Телеком, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Тајрик Џонс, кој изминатата сезона ја мина во дресот на Викторија Либертас Песара, е нов член на нашиот клуб. Добредојде во семејството“, се наведува во соопштението на турскиот клуб.
Џонс (25), кој кариерата ја започна во јужнокорејскиот клуб Вонџу ДБ Проми, кратко играше и за Хапоел од Тел Авив.