Serhat Bağbars
04 Јули 2017•Ажурирај: 05 Јули 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Извлечени се квалификациските групи за женското Европско кошаркарско првенство (Евробаскет), јавува Anadolu Agency (AA).
ФИБА соопшти дека во квалификациите ќе се натпреваруваат 32 репрезентации, поделени во 8 групи од по 4 екипи.
Репрезентацијата на Македонија се наоѓа во групата Х, а за противници ќе ги има репрезентациите на Хрватска, Шведска и Италија.
- Натпреварите започнуваат во ноември -
Натпреварите ќе се одиграат во три временски термини, првиот од 6 до 16 ноември 2017 година, потоа 5 до 15 февруари 2018 година и завршуваат од 12 до 22 ноември 2018 година. Во секој од трите термини ќе се одиграат по два натпревара.
Право на учество на Евробаскет 2019 ќе добијат репрезентациите што ќе ги освојат првите места во своите групи и најдобрите 6 второпласирани репрезентации на турнирот.
Квалификациски групи за женското европско кошаркарско првенство Евробаскет 2019 се:
Група А: БиХ, Исланд, Црна Гора, Словачка
Група Б: Естонија, Полска, Белорусија, Турција
Група Ц: Албанија, Литванија, Унгарија, Русија
Група Д: Португалија, Велика Британија, Израел, Грција
Група Е: Финска, Романија, Словенија, Франција
Група Ф: Бугарија, Холандија, Украина, Шпанија
Група Г: Швајцарија, Германија, Чешка, Белгија
Група Х: Македонија, Хрватска, Шведска, Италија
Организатори на следното женско Европско првенство во кошарка, Евробаскет 2019, се Србија и Летонија, а завршниот турнир започнува во април 2019 година.