Abdullah Tevge
02 Јуни 2021•Ажурирај: 03 Јуни 2021
ИСТАНБУЛ
Познати се кандидатите за титулата „Играч на годината“ во англиската Премиер лига, што ги одбра Здружението на професионални играчи на Англија (PFA), известува Агенција Анадолија (АА).
Меѓу кандидатите за најдобар играч во сезоната 2020/21 во Англија се наоѓаат четворица играчи на Манчестер Сити кои ја освоија титулата во Премиер лигата, Кевин де Брујне, Илкај Ѓундоган, Фил Фоден и Рубен Диас.
Бруно Фернандес од Манчестер Јунајтед и Хери Кејн од Тотенхем исто така се номинирани за оваа престижна титула.
Фил Фоден во исто време е номиниран и во категоријата „Најмлад играч на годината“ во Англија. Покрај него, во оваа категорија номинирани се и Букајо Сака од Арсенал, Деклан Рајс од Вест Хем Јунајтед, Мејсон Маунт од Челси, Мејсон Гринвуд од Манчестер Јунајтед и Трент Алексендер Арнолд од Ливерпул.