Oktaj Omeragikj
03 Јуни 2021•Ажурирај: 04 Јуни 2021
ИСТАНБУЛ
На Отвореното првенство на Франција (Ролан Гарос), вториот грен слем тениски турнир во сезоната, се игра второто коло. Денеска во рамките на натпреварите на Роланд Гарос ќе настапат и Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал, известува Агенција Анадолија (АА).
Вчера на Роланд Гарос со победа во третото коло во машка конкуренција се пласираа Данил Медведев и Стефанос Циципас, а во женска конкуренција Арина Сабаленка и Серена Вилијамс изборија пласман во третото коло.
Рускиот тенисер Медведев, вториот на светската АТП-листа со 3:1 во сетови (3-6, 6-1, 6-4 и 6-3) го совлада американскиот тенисер Томи Пол и се пласира во третото коло на Роланд Гарос.
Грчкиот тенисер Циципас, петтопласиран на светската АТП-листа го победи 103. тенисер, Шпанецот Педро Мартинез, со 3:0 во сетови (6-3, 6-4 и 6-3) и избори пласман во наредното коло.
Во женска конкуренција третата на светската АТП-листа, Белорусинката Арина Сабаленка, со резултат 2:0 во сетови (7:5 и 6:3) ја совлада својата сонародничка Александра Саснович, 50. на светската АТП-листа и се пласира во третото коло.
Американката Серена Вилијамс, седмопласирана на светската АТП-листа ја победи Романката Михаела Бузарнеску со 2:1 во сетови (6-3, 5-7 и 6-1) и избори пласман во следното коло.
Денеска, на петтиот ден од Роланд Гарос е предвидено натпреварот од второто коло меѓу Србинот Новак Ѓоковиќ, првопласираниот на светската АТП-листа и Уругваецот Пабло Куевас, да започне во 14:30 часот.
Во 16:00 часот е предвидено да започне дуелот меѓу Швајцарецот Роџер Федерер и Хрватот Марин Чилиќ, додека средбата меѓу Шпанецот Рафаел Надал и Французинот Ричард Гаске е закажана за 21:00 часот.
Во женска конкуренција денес настапуваат светскиот рекет број 1, австралијанката Ешли Барти и Магда Линет од Полска. Средбата е започнува за 12:00 часот.
Денес се игра и дуелот меѓу Американката Ен Ли и Украинката Елина Свитолина. Овој натпревар започна во 11:00 часот.