Erbil Başay
09 Јуни 2023•Ажурирај: 14 Јуни 2023
МИНХЕН (АА) - Актуелниот шампион во германската Бундес лига, Баерн Минхен, го потврди доаѓањето на австрискиот фудбалер Конрад Лајмер од РБ Лајпциг, пренесува Анадолу.
Во соопштението на Баерн се наведува дека со Лајмер е потпишан договор до 30 јуни 2027 година и дека за играчот од средниот ред не е платен надоместок за трансферот.
Овој 26-годишен фудбалер изјави дека му се остварил сонот со преминувањето во германскиот великан.
„Баерн Минхен е еден од најголемите клубови во светот. Баерн секогаш има високи цели, како и јас. Сигурен сум дека сум на вистинското место“, истакна Лајмер.
Откако со Салцбург во Австрија освои три првенства, Лајмер во 2017 година премина во Лајпциг.
Лајмер одигра 190 натпревари за Лајпциг и постигна 15 гола. Во дресот на репрезентацијата на Австрија забележа 26 настапи и постигна два гола.