Dilara Afıfı,Çağrı Koşak,Mehmet Nuri Uçar
09 Јуни 2023•Ажурирај: 11 Јуни 2023
РИЈАД (АА) - Француската ѕвезда Карим Бензема, кој се трансферираше во Ал-Итихад, еден од тимовите во Првата фудбалска лига на Саудиска Арабија, изјави дека е среќен што се наоѓа во Саудиска Арабија, пренесува Анадолу.
На профилот на социјалните мрежи на тимот на Ал-Итихад е објавено интервју на Бензема, кој дава изјави за својот трансфер.
Бензема нагласи дека стадионот на тимот Ал-Итихад е „извонреден“.

„Како што реков, овде има многу ентузијазам. Среќен сум што сум во Саудиска Арабија“, рече Бензема, додавајќи дека сака да учи арапски и да зборува течно.
„Чувствувам дека луѓето навистина ме сакаат. Мека е навистина многу блиску и тука е местото каде што ќе се чувствувам подобро“, додаде тој.
Триесет и петгодишниот фудбалер го напушти Реал Мадрид и потпиша тригодишен договор со Ал-Итихад, при што позираше со дресот со натпис 2026 година.
Во текот на 14 години колку што играше во Реал Мадрид, Бензема освои пет купа во Лигата на шампионите на УЕФА и Светското клупско првенство на ФИФА, по четирипати УЕФА Суперкуп, Ла Лига и Суперкуп на Шпанија, како и трипати Кралскиот куп.
