Elvir Hociç
24 Мај 2018•Ажурирај: 24 Мај 2018
ТОКИО (АА) - Адвокатите на босанско-херцеговскиот фудбалски експерт и поранешен селектор на Јапонија, Вахид Халилхоџиќ, утринава во судот во Токио предадоа тужба против Јапонскиот фудбалски сојуз и неговиот челник Козо Ташима, поради неодамнешното изненадно раскинување на договорот, јавува Anadolu Agency (AA).
Неговиот адвокат Лионел Винсент претходно изјави дека целта на тужбата е претседателот на јапонскиот Сојуз јавно да му се извини на популарниот Вахи и Сојузот на оваа земја да му ја исплати оштетата во износ од еден јапонски јен, што во противредност изнесува 0,01 евро.
Халилхоџиќ во тужбата ја обвинува јапонската куќа на фудбалот и нејзиниот претседател дека му ја загрозиле честа и репутацијата.
„Мојот штитеник е навреден поради априлскиот отказ од клупата на јапонската репрезентација. Тужбата ја покренуваме за да ја одбраниме неговата чест и достоинство, а тоа нема цена“, изјави адвокатот Винсент.
Иако Халилхоџиќ како селектор успешно се избори за настап на Јапонија на Мундијалот во Русија, Сојузот на таа земја во април му даде отказ и на неговото место го именуваше домашниот тренер Акира Нишино.