Selçuk Buğra Gökalp
09 Октомври 2022•Ажурирај: 10 Октомври 2022
АНКАРА (АА) - Холанѓанецот Макс Верстапен, возачот на Ред Бул, победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Јапонија и на тој начин, на пет трки пред крајот на сезоната, ја одбрани шампионската титула, известува Агенција Анадолија (АА).
Условите на трката беа многу тешки, а поради силниот дожд и слабата видливост, трката повеќепати беше прекинувана. На крај, возачите извозија само нешто повеќе од 50 % од трката во Јапонија на која Верстапен го освои првото место.

Многумина мислеа дека поради тоа ќе бидат поделени помал број бодови и никој точно не можеше да го пресмета бројот на освоени бодови и да каже дали Верстапен ќе биде прогласен за овогодишен шампион или не.
Службената потврда дојде нешто подоцна, а ниту самиот Верстапен не можеше да верува кога ја слушна радосната вест.

Второпласиран на трката за Големата награда на Јапонија беше Шарл Леклер, возачот на Ферари.
Верстапен (25) ја одбрани минатогодишната титула и по вторпат во својата кариера стана шампион во Формула 1.
Во последните четири трки сезонава Верстапен ќе влезе со недостижна предност од 111 бода во однос на второпласираниот Леклер.
