Ekip
03 Март 2017•Ажурирај: 04 Март 2017
НИОН (АА) - Во трката за организатор на Европското фудбалско првенство 2024 година (ЕУРО 2024) останаа Турција и Германија, откако од заедничката кандидатура се повлекоа скандинавските земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Рокот за заинтересираните земји официјално да ги поднесат кандидатурите за организирање на ЕУРО 2024 истекува денес, а Извршниот одбор на Европската фудбалска федерација (УЕФА) во септември 2018 година ќе одлучи кој ќе биде домаќин.
Според Карл-Ерик Нилсон, претседател на шведскиот сојуз, заедничката скандинавска кандидатура на Данска, Финска, Норвешка и Шведска беше повлечена поради недоволниот број на стадиони за ЕУРО 2024.
Така, официјалните кандидатури за организирање на ЕП ги доставија само фудбалските сојузи на Турција и на Германија.