Abdullah Tevge
23 Мај 2021•Ажурирај: 25 Мај 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Со четири натпревари започна возбудата на НБА-плејофот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во четвртфиналето од плејофот во Источната конференција на НБА се сретнаа екипите на Бруклин Нетс и Бостон Селтикс. Нетс, благодарение на 82-та поени на тројката Кевин Дурант, Кари Ирвинг и Џејмс Харден, го совлада Бостон Селтикс со 104:93 и поведе со 1:0 во меѓусебните дуели.
Дабл-дабл учинок во редовите на Нетс постигна Кевин Дурант со 32 поени и 12 скока. Кари Ирвинг постигна 29 поени и 6 скока, а Џејмс Харден го заврши натпреварот со 21 поен, 9 скока и 8 асистенции.
Џејсон Татум беше најпрецизен во редовите на Селтикс со 22 поени, 5 скока и 3 асистенции.
- Дончиќ со трипл-дабл го започна плејофот -
Во Западната конференција, Далас Маверикс му гостуваше на Лос Анџелес Клиперс во првиот натпревар од плејофот. Далас победи со 103:113 и поведе со 1:0 во меѓусебните дуели.
Лука Дончиќ на овој натпревар постигна трипл-дабл од 31 поен, 11 асистенции и 10 скока, а Тим Хардевеј Џуниор го заврши натпреварот со 21 поен и 4 скока.
Кај Клиперс, Кавај Леонард постигна дабл-дабл од 26 поени и 10 скока, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот на домашен терен.
- Резултати:
Милвоки Бакс - Мајами Хит 109:107 (во продолжение)
Лос Анџелес Клиперс - Далас Маверикс 103:113
Бруклин Нетс - Бостон Селтикс 104:93
Денвер Нагетс - Портланд Треил Блејзерс 109:123.