Abdulkadir Karakaya
22 Мај 2021•Ажурирај: 22 Мај 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Во натпреварот на плејин за пласман во плејофот на американската Национална кошаркарска лига (НБА), Мемфис Гризлис во продолжението го совлада Голден Стејт Вориорс со 112:117 и се пласираше во плејофот на Западната конференција на НБА, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Плејин-турнирот ги одреди последните 4 учесници во плејофот на Источната и Западната конференција во НБА, а последниот тим стана познат по средбата меѓу Голден Стејт Вориорс и Мемфис Гризлис.
Во натпреварот што во регуларниот тек заврши нерешено 99:99, екипата на Гризлис успеа во продолжението да извојува победа и стана 8-та екипа која е учесник во плејофот на Западната конференција.
Најзаслужен играч за победата на Гризлис беше Џа Морант со 35 поени, 6 асистенции и 6 скока. Свој придонес во пласманот во плејофот дадоа Дилон Брукс со 14 поени и Грејсон Ален со 12 поени.
Стефен Кари од Вориорс беше најпрецизен кошаркар на средбата со 39 поени, 5 асистенции и 4 скока. Ендрју Вигинс постигна дабл-дабл од 22 поени, 10 скока и 2 асистенции, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот од Гризлис.
По сезоната 2016/2017, екипата на Мемфис Гризлис за првпат избори пласман во плејофот на НБА, каде што ќе игра против Јута Џез, лидерот на Западната конференција.